Грабар-Китаровиќ: Предвремените избори во Хрватска може да се одржат на 11 септември
Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ синоќа изјави дека уште не донела одлука за датумот на предвремените избори, но е наклонета да ги закаже за 11 септември, пренесе агенцијата Хина.
-Изборите ќе ги свикам во рамки на предвидениот законски рок. Треба да почекам до 15 јули и тогаш ќе ги закажам изборите, веројатно за почетокот на септември. Се уште не сум одлучила за датумот, но наклонета сум да биде 11 септември, посочи Грабар Китаровиќ за телевизијата „N1“.
Таа изјави дека повеќе го претпочита 11 септември отколку 4 септември, затоа што на 5 септември учениците тргнуваат на училиште.
-Никој не сака да се занимава со политика во текот на летото. Никој не сака одморот да му биде зефатен со политички кампањи. Луѓето сакаат да се одморат од политиката, посочи хрватската претседателка.
Таа додаде дека сака да ги остави семејствата на 4 септември да си бидат со децата, пред тие да почнат со училиште следниот ден.
Хрватскиот сабор минатиот месец и изгласа недоверба на Владата на премиерот Тихомир Орешковиќ, а по консултациите со политичките партии претседателот на државата повика на распуштање на Парламентот и организирање предвремени избори.
Ново на Сител
-
„Тајмс оф Израел“: Нетанјаху побарал од Трамп да не ги укинува санкциите за Сирија
-
Собранието го донесе Законот за енергетика, за Божиновска тоа е еден од најважните
-
Зеленски: Не сум разговарал со Венс од кавгата во Белата куќа
-
Холандија и Данска се најдобри земји за деца
-
Приведен 61-годишник, при претрес на неговиот дом најдени се пушки, пиштол и куршуми различен калибар
-
Филков: СДСМ е последна партија што има право да зборува за реформи во правосудството
-
Кремљ со реакција на изјавата на Макрон: Нуклеарното ширење не е решение за Европа
-
Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта утре во Скопје