Готвачите од „Гастро Мак“ подготвени да помогнат за погодените подрачја

Здружението на готвачи „Гастро Мак“ им изразува сочувството на семејствата на загинатите и настраданите во невремето што го зафати скопскиот регион.
- Во овие денови, кога како општество се наоѓаме пред предизвикот да бидеме солидарни и сплотени, секој да се понуди за помош во делот за кој се чувствува најкомпетентен и може да биде од најголема полза на граѓаните, информира „Гастро Мак“.
Тимот на „Гастро Мак“ ги известува надлежните институции и граѓанските асоцијации дека со своите готвачи се става на располагање да помогне во оваа вонредна состојба.
Согласно препораките на лекарите и медицинските протоколи, потребно е исклучително внимателно дистрибуирање храна и вода во загрозените населени подрачја, како и употреба на зеленчукот и овошјето од површините поплавени од наносите од дожд.
Ново на Сител
-

Измените на Изборниот законик остануваат блокирани во Собранието
-

Ново судење за Пулс - се читаат пораки од телефонот на газдата на дискотеката, Деко
-

Грант од ЕБОР за изградба на автопатот Скопје-Блаце
-

Неопходна е поголема државна поддршка за спас на земјоделството од климатските промени
-

Антибиотиците ја губат силата, антимикробна резистентност
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на ССК
-

Преговорите за Изборниот законик пред пропаст
