Македонија
30. November 2019 - 8:41

Гостување на камерниот хор „Херувими“ во Црна Гора

Камерниот хор „Херувими“ денеска со целовечерен концерт ќе гостува во Дворецот на крал Никола во Бар, Црна Гора.

Гостувањето е во соработка со Матица Црногорска во нашата земја, Културниот центар Бар, Туристичка организација Бар и Центарот за регионална соработка Подгорица.

На концертот под диригентско водство на Мирјана Павловска-Шулајковска, камерниот хор „Херувими“ ќе изведе творби од од византиската традиција од Јоан Хармосин-Охридски, Андон Шахпаски, Јане Коџабашија, Јован Кукузел, Јаков Протопсалт, Васил Иванов Бојаџиев и Манасиј поп Тодоров.

– Овие композиции се од оригиналните ракописи на невматска нотација, на црковно – музичките дејци од Македонија од 19-от и 20-от век. Изведувајќи ја оваа програма, хорот „Херувими“ дава придонес за зачувување на музичката историја и културното наследство на Македонија, соопштуваат од камерниот хор „Херувими.