Гостиварец со автомобилот тргнал наназад и прегазил пешак кој потоа починал
По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 во врска со 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Како што информира Jавното обвинителство, триесет и деветгодишниот гостиварец на 13 април 2021 година управувал автомобил БМВ на улицата „Сретко Крстески“ во Гостивар. Кога се приближил кон крстосницата со улицата „Гаве Лазарески“, започнал да се движи со возилото наназад, без да се увери дали со таквото дејствие ги попречува или загрозува останатите учесници во сообраќајот.
Со задниот дел од автомобилот осомничениот удрил во пешак кој ја минувал улицата. Пешакот при ударот се здобил со тешки телесни повреди – нагмечувања на мозокот и на 26.04.2021 година починал.
Ново на Сител
-
Просечна излезност до 9 часот
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг