-->
-->
Гостиварец со автомобил усмртил четири диви свињи
-->

Четири диви свињи биле усмртени откако синоќа околу полноќ врз нив налетал и ги удрил автомобил „Опел астра“ со гостиварски регистерски таблици управуван од М.У.(44) од гостиварска Долна Бaњица, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според неговите податоци сообраќајната несреќа се случила во непосредна близина на наплатната рампа Желино на автопатот Скопје Тетово. При тоа нема повредени во возилото во кое имало уште две лица, а причинетата материјална штета се проценува на 30 илјади денари. По извршениот увид на што присутвувале и претставници од тетовската секција на ЈП Македонија пат, усмртените животни биле предадени на членови од ловечкото друштво „Шар Планина“ од Тетово, рече Јосифовски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Драган Ковачки нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Тошковски за Сител: Централниот комитет ќе донесе одлуки во интерес на државата
-

Наскоро „Безбеден Град“ во Охрид и Струга
-

Мицкоски ги укинува партиските потпретседатели, Извршниот комитет ќе е поголем
-

Тема на денот со Трпе Дејановски, претседател на УПОЗ
-

Од Букурешт до Кочани - две трагедии, една иста болна лекција
-

Возење без дозволи под лупа
-

Околу 40 тони марихуана се запленети во Скопје и Струмица
