Македонија
21. јуни 2018 - 11:16

Гостиварци вечерва ќе останат без вода, најавен прекин во водоснабдувањето

Прекин на водоснабдувањето од вечер во 23 часот до изутрина до седум часот ќе имаат корисниците во Гостивар кои се приклучени на водоводната мрежа, најавија од локалната самоуправа.

Причината за повеќечасовниот прекин како што наведоа во соопштението е дел од активностите на проект за подобрување на снабдувањето со вода за пиење.

- Прекинот е поради испитување на втората алтернативна главна линија кон главниот извор и полнење на новиот базен во село Вруток. Ова е дел подготовките за започнување на работите во рамките на проектот СЕЦО 2 за подобрување на водоснабдителниот систем, се наведува во соопштението на општина Гостивар.

Од локалната самоуправа и ЈП „Комуналец“ побараа разбирање од граѓаните и препорачаа пред прекинот на водоснабдувањето тие да си обезбедат вода и да ги планираат обврските.