Гостивар: Во улична тепачка, двајца повредени и петмина приведени
Во тепачка меѓу две групи што вчера се случила на улицата „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, со потешки повреди се задобиле две лица, а полицијата лишила од слобода петмина жители на селото Ѓурѓевиште. Физичката пресметка го привлече вниманието на гостиварци заради жестокоста и местото на случување, кое важи за многу прометно. Причината за тепачката најверојатно се недоразбирања кои соселаните ги имале од претходно.
Според СВР Тетово , вчера околу 14 часот физички биле нападнати Б.Н. (49) и Р.М (24) од гостиварското село Ѓурѓевиште. Во нападот врз нив биле употребиле и дрвени палки.
По пресметката, повредените Б.Н. и Р.М. со повреди по телата и главите пренесени се во гостиварската општа болница. Отаму, Б.Н. префрлен е на скопските клиники, а Р.М. по санирањето на повредите пуштен е на домашно лекување.
Набрзо, идентификувани и лишени се од слобода пет лица од гостиварско Ѓурѓевиште кои се сомничат дека учествувале во физичкиот напад: Р.И.(22), Б.И.(23), И.М. (18), С.И.(21) и Д.И.(28). Сите лишени задржани се во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст