Гостивар: Турски државјанин избоден со нож, уапсена девојка
Едно лице е згрижено синоќа во гостиварската болница, откако претходно во неутврдени околности било прободено со нож. Според неофицијални информации на нападот му претходела расправија.
Според СВР Тетово, синоќа (19 февруари) околу 20.30 часот во Полициската станица Гостивар, од Медицински центар Гостивар било пријавено дека на излез од Гостивар, на магистралниот пат кон Тетово, бил пронајден О.А.Х.(23) од Р.Турција со повреда од остар предмет. Повредениот инаку имал со регулиран престој во Гостивар.
Тој бил пренесен во Ургентен центар Гостивар за укажување на лекарска помош. Во 22.00 часот, во врска со настанот, поради сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ од слобода била лишена К.Д.(24) од Р.Турција, со привремено живеалиште во Гостивар.
По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости