Македонија
16. јуни 2019 - 8:37

Гостивар и околината пет часа ќе бидат без вода за пиење

 Корисниците приклучени на градскиот водовод во Гостивар денеска ќе имаат прекин во снабдувањето со вода за пиење.

Од ЈП „Комуналец“ информираа дека прекинот е предвиден во перидот од 7:00 до 12:00 часот и при тоа нема да се испорачува вода до градот и околните населби кои се снабдуваат од градската водоводната мрежа.

Петчасовниот прекин е предвиден поради изведување приклучок на нова водоводна линија со пречник Ф-500 во близина на поранешната фабрика „Силика“.