Ракомет
21. September 2015 - 9:49

Гостите не освоија ниту бод на стартот

Викендов со четири натпревари стартуваше новата сезона во ВИП Супер ракометната лига. Гостинските екипи на одиграните натпревари не освоија ниту бод, па честа ќе треба да ја брани Металург кој во последниот натпревар во среда гостува кај Вардар Јуниор. Овој натпревар поради настапот на Металург во Лигата на шампионите беше одложен.

Резултати од 1.коло:
Работнички - Охрид 30:24,
Пролет - Радовиш 29:27,
Борец - Металург 2 27:26
Прилеп - Пелистер 26:21.