Господин Попоски: Коктели за жените на 8ми март ако ги соберам потписите
Кандидатот за претседател од Вевчани, Господин Попоски за Сител изјави дека доколку до 8ми март ги собере потребните потписи ќе ги чести сите припаднички на женскиот пол.
- Ако ме поддржат во сите ресторани во цела Македонија кај што се жители ќе бидат почестени од мене коктел и понатака ќе видиме со нив и со сите граѓани на Република Македонија ќе се залагаме најпрво да го вратиме името, кажа Попоски за Сител.
Досега Попоски има собрано нешто под стотина потписи и како што изјави за Сител се надева дека до 8ми март ќе ги собере потребните 10.000 потписи.
Попоски досега се кандидирал за градоначалник на Вевчани во 2017 година и за претседател на Република Македонија во 2019 година но како што кажа бил спречен во намерата бидејќи имал фрактура на ногата.
Ново на Сител
-
Марш на ангелите во Кочани - болката се претвори во крик на очај
-
Тема на денот со Ана Ангелова Валпони, професор на Кингс Колеџ - Лондон
-
Марш на ангелите во Кочани
-
Истрага за оружјето со кое биле убиени Вања и Панче
-
Првата група повредени се смести во центарот за рехабилитација на Пониква
-
Растење на природен заб во лабораторија - научен подвиг со македонски потпис
-
Костадин Костадинов очекува поддршка за нов мандат во Струмица, тврди дека на сите анкети води со 3:1
-
21 јуни денот на Охридското езеро