Гошаревски: Имавме Езеро кое долго време разединуваше, сега стана обединувачки фактор

Од изолација до интеграција е заклучокот од програмската трибина организирана од СДСМ Агенда 20-24, посветена на развојот на преспанскиот регион.
Градоначалникот на Ресен, Жарко Гошаревски ги презентираше идејните решенија за развој на преспанскиот регион коишто настанале во соработка со Европската унија, набрзо после потпишувањето на Преспанскиот договор.
Гошаревски кажа дека бил свесен дека после тој голем ден, ништо нема да биде исто, бидејќи таквите настани се случуваат еднаш во 100 години.
“Уште тогаш знаев дека Преспа веќе нема да биде иста и тоа се покажа со потпишувањето. И ретроспективно ако гледам, големината на тој момент што го осетив покрај сите тие гости, баш тука во нашата општина, е оној момент кога знаеш дека после ова нема ништо да е исто. Како градоначалник на Ресен работите ги гледав и локално , што ние можеме како ресенчани да добиеме од него. Преспа беше најбарано име на порталите, најчесто употребуван збор од политичарите и максимално се трудев да го искористам тој момент”
Гошаревски кажа дека остварил контакт со Еврокомесарот Јоханес Хан кој бил воодушевен од Преспа. Гошаревски истакна дека зборувајќи за потенцијалите на Преспа, му заблагодарил на Хан за финансиската помош од европските фондови.
“Имавме долго време Езеро кое не раздвојуваше а сега стана обединувачки фактор”, рече Гошаревски и додаде дека после разговорот со Хан во Преспа пристигнале консултанти кои изготвиле финална студија според потребите и информациите од невладините организации, земјоделски здруженија и др.
Развој на земјоделството, развој на туризмот и заштита на животна средина е фокусот за реализација во преспанскиот регион, кажа Гошаревски.
Тој изрази посебно задоволство што во целиот процес е вклучена и Влада на Република Македонија. После разговорите со премиерот Зоран Заев дека ЕУ покрива финансиски до 85 отсто од потребните средства, формирано е тело во рамки на Владата за поддршка на развојот на преспанскиот регион, чијшто координатор е Едмонд Адеми,
Гошаревски рече дека мора да се заштити Преспанското Езеро. Најави изградба на пречистителни станици, канализација и изградба на инфраструктура.
Ново на Сител
-

Крај на петмесечната политичка криза: Романскиот парламент му изгласа доверба на кабинетот на Лука Никулеску
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
