Горивата поскапуваат од половина до еден денар по литар
Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за еден денар по литар, а цената на бензините и на екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,33 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе изнесува 80 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 82, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 74, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 73,5 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,802 денари за килограм се намалува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 47,209 денари.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,961 отсто, кај дизелот за 2,131 и кај екстра лесното масло за 2,031 отсто, додека кај мазутот има намалување за 2,27 проценти. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка, пак, е повисок за 0,0097 отсто.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите на светот
-
Пченицата ќе се откупува по 12 денари, највисока откупна цена досега, рече Трипуновски
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Тошковски и Дачиќ потпишаа договори за „One Stop“ систем на Табановце-Прешево
-
Љутков даде отчет за сработеното во изминатата година
-
Рекордни 20 милијарди денари вложени во инфраструктура и локален развој
-
Мицкоски најавува данок за лица кои не се брак, вели вклучен е демографскиот аларм
-
Брзи гранични контроли на Табановце