Бизнис
30. April 2018 - 19:44

Горивата поскапуваат на полноќ, земјоделците се уште чекаат зелена нафта

Итно свикување на Советот за земјоделство и рурален развој бараат фармерите. Да се  реши проблемот со пласманот и ниските откупни цени на земјодлеските производи и да не се повторат истите проблеми со новата реколта.

Земјоделците се жалат дека продажните цени се многу ниски а производните трошоци постојано  растат. Договорното производство не се почитува  поради што настанале проблемите со зелката и јагнето, а сега се плашат дека истото ќе се случи и со пченицата, доматите и јаболкото.

Производителите побарале и интервентен откуп на пченицата и гарантирана откупна цена од 12 денари по килограм. Уште ја чекаат и зелената нафта која им ја вети Владата. Велат нема да е доволна но секако е добредојдена поради зголемените прозводни тришоци.

– Анализите на Министерството за земјоделство велат дека производните трошоци за пченицата се 8,68 денари, но на помалите парцели како нашите трошоците се најмалку 11 денари- посочи Синани. Предвидените 62 литра за хектар зелена нафта што ни ги вети Владата, не се доволни за поледелството, потребни се минимум 120 литра, изјави денеска Мемет.

Изминатиов период производителите на зелка бараа помош од државата поради ниската откупна цена која падна на 8 денари по килограм. Ресорниот министер последно изјави дека се водат интензивни преговори за пласман на рускиот пазар.