Гори стан во една од трите убавици во Карпош 4
Околу 10.00 часот се запалил стан во една од зградите „близначки“ во населбата Карпош 4.
Според информациите на екипата на „Слободен печат“ од терен станува збор за стан на 16-ти кат, а неофицијално пожарот е предизвикан од плинска боца. Од запалениот стан пожарнирите со крајни маки успеале да го спасат сопственикот кој од терасата барал помош.
Голем дел од станарите се евакуирани од зградата, а пристигната и брза помош, која на возмирените станари им пружа соодветна медицинска нега.
Во зградата, поточно во станот на поткровјето се пробиваат 3 противпожарни екипи. Нивната бројност од минута во минута се зголемува, поради сложената пристапност на зградата, а на помош е повикана и екипа од базата во „Автокоманда“ од каде пристигна возило со високи скали за да може да се интервенира со шмрк доколку е потребно.
Ново на Сител
-
Пред пратениците петте интерпелации на членовите на Судскиот совет
-
ЕУ организира комеморација за жртвите на тероризмот
-
Србија: Студенти ги блокираа влезовите на РТС и РТВ, полицијата е распоредена во двете згради
-
Новинарите во Грција започнаа 24-часовен штрајк
-
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност
-
Папата повеќе не е во непосредна опасност, но останува во болница
-
Пожар меѓу селата Моштица и Саса
-
Ѓорческа успешно ги мина квалификациите на турнирот во Унгарија