Гори пиланата „Графопромет“ во Берово - пожарникарите неколку часа се борат со пламените јазици
Гори пиланата „Графопромет“ во Берово лоцирана на влезот на градот во индустрискиот дел.
Како што истакна командирот на ТППЕ Берово, Димитар Букушовски, пожарот се уште е активен, а пријавен е во 4.30 часот утрово.
– Дојавата ја примивме во 04.30, веднаш стигнавме на лице место, но пожарот веќе беше во поодмината фаза, а започнал од покривната конструкција. Во акцијата за гаснење учествуваат осум пожарникари. Во објектот е зафатена поголема количина дрвена и картонска маса од која објектот бргу бил зафатен и, речиси, целосно е опожарен, вели Букушевски.
Додаде дека екипите се уште е на терен и работат на ставање под контрола на пожарот.
– Штетата допрва ќе се утврдува, но е огромна според она што можевме да го забележиме на лице место… Увидот за можните причини за пожарот ќе се врши по создавањето на услови за тоа, истакна командирот на ТППЕ Берово.
Ново на Сител
-
Тема на ден со Ефтим Митров, поранешен раководител на пиротехничарите во Дирекцијата за заштита и спасување
-
Венко Филипче единствен кандидат – СДСМ избира претседател
-
Мицкоски: Владата е стабилна
-
По царините на Трамп, Мицкоски очекува добра вест од САД за македонската економија
-
Aнкета на Детектор: Останува силно мнозинство против уставни промени
-
Младите не се чувствуваат безбедни
-
Во штипска Клиничка ќе се вработат 19 специјализанти
-
43 лица со ретки болести ќе добијат стипендии