Македонија
12. November 2015 - 11:41

Гори Караџица - Два авиони на терен

Денеска во утринските часови, по добиено барање од општина Зелениково за помош при гасење на пожар пренесен на непристапен терен со опасност да зафати поголема шумска површина на Караџица, во 9 часот се активирани два авиони на Дирекцијата за заштита и спасување. 
 
Пожарот е лоциран над селото Дејковец во општина Зелениково, каде гори мешана шума. 
 
Дирекцијата за заштита и спасување е на лице место и ја следи состојбата.