Џет-Сет
22. September 2017 - 9:35

Гори интернетот: Мајкл Џексон е жив!?

Селфи на едно момче последните три дена ги полуде социјалните мрежи. Девојката со ник „Лурдес“ на Твитер објави фотографија која и ја испратило нејзиното момче и веднаш стана славна.

Фотката ја лајкуваа неколку илјади пати и тоа само поради тоа што нејзиното момче неверојатно потсетува на покојниот Мајкл Џексон.

„Мојот дечко е толку сладок. Погледнете го селфито кое ми го испрати“, напиша таа покрај фотографијата.

Веднаш тргнаа и „теориите за завери“. Додека едни тврдат дека момчето неверојатно изгледа на покојниот Крал на попот, другите тврдат дека тоа е навистина тој.

„Мајкл Џексон не е мртов, ова е доказ“, е еден од бројните коментари кои кружат по социјалните мрежи.