Гори „Европа центарот“ во Берлин

Гори најгорниот кат од еден од најпознатите трговски центри „Европа центарот“, во главниот град на Германија, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Пожарот започнал десетина минути пред 14 часот, а засега противпожарната служба на Берлин нема информации кои се можните причини за инцидентот.
„Европа центарот“, кој има 20 ката, се наоѓа во центарот на Берлин во близина на познатата катедрала „Кајзер Вилхелм“, која е позната како црквата со уништениот покрив, а во негова близина има голем број на продавници каде гравитираат огромен број туристи.
„Европа центарот“ е изграден на почетокот на шеесетите години на 20 век по подигнувањето на Берлинскиот ѕид. Препознатлив е по ротирачката ѕвезда на „Мерцедес бенц“ поставена на врвот на зградата.

Засега, според берлинските институции, нема жртви. Пожарот во „Европа центарот“ се случува во услови на зголемени безбедносни закани и апсењето на сирискиот бегалец кој планирал да подметне силен експлозив на некој од берлинските аеродроми.
Ново на Сител
-

Утре нов обид за договор на пратениците за Изборниот законик
-

Сопственикот на „Пулс“ имал дојави за контроли од полицајци и инспекциски служби
-

Се уште се чекаат вештачењата за избоденото 14 годишно момче во паркот во Ченто
-

Две лица се уапсени за вчерашниот пожар кај Рампа
-

Ангелов: 120 лица секој ден во секој момент да бидат подготвени за распоредување на пожарите
-

Поскапуваат и бензините и дизелот
-

Откажан протестот на вработените во УЈП - добиле допис за дисциплински постапки
-

Договор за автопатот Скопје-Блаце
