Гори депонијата кај Добрашинци
Четири дена гори депонијата кај селото Добрашинци во општина Василево, откако избувнал пожар во неделата попладне.
Граѓани од ова село го пријавиле пожарот во депонијата кај инспекциските служби, а вработени од комуналнoто претпријатие од Струмица се на терен и работат на санирање на пожарот.
Според информации од ЈПКД „Комуналец“ од Струмица, депонијата била запалена од неодговорни граѓани, а пожарот избувнал во изолираниот дел за тврд отпад.
Голем, дваесеттонски, багер од вчера е на депонијата и работи на санирање на запалениот отпад и смет.
Горењето на депонијата го потврдија и од ТППЕ Струмица. Информираа дека заедно со вработените од „Комуналец“ не дозволиле пожарот да е прошири и од вчера е ставен под контрола.
Инаку, на депонијата кај Добрашинци се одлага отпад и смет од општините Струмица и Василево.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи