Гори депонијата кај Добрашинци
Четири дена гори депонијата кај селото Добрашинци во општина Василево, откако избувнал пожар во неделата попладне.
Граѓани од ова село го пријавиле пожарот во депонијата кај инспекциските служби, а вработени од комуналнoто претпријатие од Струмица се на терен и работат на санирање на пожарот.
Според информации од ЈПКД „Комуналец“ од Струмица, депонијата била запалена од неодговорни граѓани, а пожарот избувнал во изолираниот дел за тврд отпад.
Голем, дваесеттонски, багер од вчера е на депонијата и работи на санирање на запалениот отпад и смет.
Горењето на депонијата го потврдија и од ТППЕ Струмица. Информираа дека заедно со вработените од „Комуналец“ не дозволиле пожарот да е прошири и од вчера е ставен под контрола.
Инаку, на депонијата кај Добрашинци се одлага отпад и смет од општините Струмица и Василево.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228