Македонија
19. September 2019 - 18:42

Гореше стан во Скопје- маж итно префрлен во болница

Маж се здобил со повреди откако избувнал пожар во станот во кој престојувал. Како што информира МВР, вчера во 18:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во стан на ул. „Ѓорѓи Сугаре“ во Скопје во кој престојувал 40-годишниот З.С. од Скопје.

Во пожарот З.С. се здобил со повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Пожарот бил изгаснат од екипа на Противпожарната бригада Скопје. Полицијата работи на расчистување на случајот.