Македонија
7. May 2018 - 14:51

Гореше склад во Трубарово - штетата е милионска

Гореше склад со дрва,  направена е голема материјлна штета. Според информаициите на полицијата, вчера  околу 15,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во с. Трубарево-скопско, поточно во склад за дрва избувнал пожар од канцелариите на складот, при што целосно бил изгорен објектот со што била причинета материјална штета од околу 1.000.000 денари. Околу 16,00 часот пожарот бил локализиран од екипа на Бригадата за противпожарна заштита.

Од страна на екипи на ЕВН констатирано било дека причина за пожарот најверојатно бил удар од гром во електричната инсталација.