Македонија
15. January 2019 - 15:09

Гореше склад во скопски Аеродром

Гореше склад за отпад. Како што стои во билтенот на МВР, вчера  околу 07.40 часот во Полициската станица Аеродром било пријавено дека на улица „Ѓорѓи Капчев“ избувнал пожар. Полициски службеници излегле на местото на настанот и било констатирано дека се работи за пожар на отпаден материјал во склад за отпад, сопственост на С.Д.(35). Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита. Повредени лица нема.