Македонија
30. March 2019 - 10:43

Гореше хотел во Кочани - вработен тешко повреден

Избувна пожар во хотел во Кочани, повреден еден вработен. Како што информираат од полицијата,  вчера во 18:45 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на улица „Браќа Ставреви“ во Кочани, во објект во сопственост на хотел, настанал пожар во кој со изгореници се здобил вработениот А.Т.(59) од Кочани. Тој, по укажаната лекарска помош во Јавната здравствена установа-Кочани, бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица-Кочани.