Македонија
28. September 2020 - 18:43

Гордана Јанкуловска однесена во КПУ-Идризово

Гордана Јанкуловска, како осудена со четири години затвор во случајот „Тенк”, веќе е стигната во КПУ-Идризово, потврдија за МИА, од оваа казнено – поправна установа.

Поранешната министерка за внатрешни работи, Јануловска, досега ги исцрпи сите правни средства за одложување на издржување на казната затвор за предметот „Тенк”.

Одлуката за извршување на казната затвор следува по одбивање на барањето на Јанкуловска, упатено до Врховениот суд за вонредно испитување на одлуката на скопска апелација за случајот со незаконската набавка на мерцедесот „С-600″ во износ од 600 илјади евра. Освен Јанкуловска, во овој предметот како виновни се прогласиа и Ѓоко Поповски (кој веќе е во извршување на казната затвор) и Никола Груевски кој моментално е во бегство во Унгарија, (осуден на две години затвор).

Воедно, против Јанкуловска, во Кривичниот суд Скопје, во моментот се во тек и два други предмети за „злоупотреба за службената должност”, (Таргет-Тврдина и Титаник).