Ракомет
21. December 2015 - 15:11

Горбок потпиша за Пик Сегед

Рускиот ракометен репрезентативец, играч на Вардар, Сергеј Горбок, од наредната сезона ќе го носи дресот на унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед. Горбок потпишал двегодишен договор, а трансферот го потврди унгарскиот тим.
 
Левиот бек, кој оваа сезона е еден од најдобрите играчи на ’црвено црните’, реши предвреме да си замние од редовите на Вардар. Неговиот договор истекуваше наредното лето, но договори спогодбен раскин на договорот и по завршувањето на сезоната ќе се пресели во Унгарија.
 
Сергеј Горбок минатата сезона пристигна во Вардар од редовите на Рајн Некар Левен.