Горбачов. Русија мора сериозно да биде сфатена

Последниот претседател на Советскиот сојуз, Михаил Горбачов, предупреди дека Русија мора сериозно да биде сфатена и го обвини Западот дека отстапил од спогодбите со Русија.
- Независно од тоа кој како се чувствува, Русија мора да биде сериозно сфатена како нација која заслужува почитување, порача Горбачов.
Во интервју за германскиот дневен весник „Билд“, Горбачов кажа дека Западот, пред се, САД, отстапиле од важните заеднички спогодби.
Тој потсети дека во втората половина на 1980-тите СССР и САД презедоа значајни чекори, почнувајќи го намалувањето на нуклеарното вооружување.
- Само помислете на тоа дека во тие години беше уништен 80 отсто од нуклеарниот потенцијал произведен во текот на Студената војна, подвлече тој, додавајќи дека Западот потоа ја искористи слабоста на Русија по распадот на СССР за да се прогласи за победник во Студената војна.
Принципите на еднаквост во меѓународните односи се заборавени и затоа сега стигнавме до овде, нагласи Горбачов.
Трката во вооружување е во полн ек, додаде тој, укажувајќи дека трупите се префрлени во Европа, вклучувајќи го и тешкото вооружување.
- Не толку одамна силите на НАТО и Русија беа стационирани далеку едни од други. Сега се наоѓаат нос до нос; констатира тој, укажувајќи дека високите претставници на војските стануваат се помилитантни, заради што постојат сите индиции дека повторно дојде до Студена војна.
Оваа Студена војна може да стане „врела“ доколку, како што се вели, само седиме и не преземаме ништо.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Никола Додевски, адвокат
-

Институциите не кажуваат каде е судијата Ристов, кај кого најдоа 350.000 евра сокриени во ѕид
-

МВР ќе врши калибрација и тестирање на камерите на Сејф сити од утре до крајот на месецот
-

Филипче не гледа напредок кон ЕУ – Владата не ја разбира политиката на опозицијата
-

Мартин Гоџо го фати крстот во Охрид
-

Дарко Митровиќ го фати крстот во Скопје, двајца завршија во болница поради премрзнување
-

Масовно одбележување на Водици низ Македонија
-

Во осветените води на Плетварското Езеро кај Прилеп по 6-ти пат се одбележа празникот Богојавление или Водици
