-->
-->
Горат барикади во Косово, поставени пораки „Вучиќ нема да помине“
-->
Косовските медиуми објавуваат фотографии и видео снимки од барикади поставени на патиштата на кои би требало да помине претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Како што јавуваат српските медиуми, стотина Албанци утринава ги блокирале патиштата со багери и камиони. РТС јавува и дека во едно место се слушале рафални истрели.
Министерот за одбрана Александар Вулин истакнал дека тоа го прават вооружени ветерани на ОВК и дека за тоа одговорноста ја има Кадри Весељи.
Според РТС се очекуваат масовни протести и барикади.
Патот кон селото Бање бил блокиран со камион, поставени се препреки од дрва и гуми кои подоцна биле запалени. На патот имало и истакнати транспаренти со пораки „Вучиќ нема да помине“ и „Вучиќ врати се“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Наместо 5.000 денари, пензионерите во септември ќе добијат 2.500, а останатите во март
-
Борисов со нови закани, Мицкоски вели дека изјавите му се застарени
-
Синдикатот на полицијата со кривична против Оливер Спасовски
-
Преглед на вестите од светот
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари