Горан Милевски: Ме нападнаа поради изгласувањето на законот за јазици
Претседателот на ЛДП, Горан Милевски, вчера на плоштадот „Македонија“ беше нападнат од страна на непознато лице додека зборувал на својот мобилен телефон.
Милевски е без сериозни повреди, но смета дека овој напад кој доаѓа по протестите пред домовите на одредени пратеници од владејачкото мнозинство треба да се сфати мошне сериозно.
– Сметам дека нападот што се случи вчера е поради нервозата што доаѓа од изгласувањето на законот за употреба на јазиците. Не можам да коментирам дали е организирано сето ова, вклучувајќи ги и протестите пред домовите на пратениците, но во секој случај треба да се сфати сериозно, вели за „А1он“ и „Макфакс“ претседателот на ЛДП, Горан Милевски.
– Непозната личност се доближи до мене, ме турна, почна да ме удира со тупаници по главата. Успеа да ме удри неколкупати по што го тргнав од себе. Во тој момент останав присебен и не возвратив на нападот, добро е што избега, раскажува Милевски.
Ново на Сител
-
Тема на ден со Ефтим Митров, поранешен раководител на пиротехничарите во Дирекцијата за заштита и спасување
-
Венко Филипче единствен кандидат – СДСМ избира претседател
-
Мицкоски: Владата е стабилна
-
По царините на Трамп, Мицкоски очекува добра вест од САД за македонската економија
-
Aнкета на Детектор: Останува силно мнозинство против уставни промени
-
Младите не се чувствуваат безбедни
-
Во штипска Клиничка ќе се вработат 19 специјализанти
-
43 лица со ретки болести ќе добијат стипендии