Живот
28. October 2018 - 13:19

Google отпуштил 48. вработени поради сексуално вознемирување

Американскиот интернет гигант Google, последните две години, поради сексуално вознемирување, отпуштил 48. вработени, вклучувајќи 13. на висока позиција, напишал генералниот директор на компанијата, Сундар Пичај, во интернет документот упатен на вработените во кој агенцијата Франс прес имала увид.

Директорот рекол дека никој од отпуштените не добил надоместок за заминување од компанијата. Во исто време весникот „Њујорк Тајмс“ пишува, во едно истражување објавено вчера, дека Гугл заташкал многу случаи на вознемирување кои се однесуваат на високи официјални лица на компанијата меѓу кои и Енди Рубин, креатор на мобилниот систем Андроид. Директорот Пичаи не ги дал имињата на отпуштените лица.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.