Ракомет
4. February 2018 - 11:46

Гонзалез задоволен од играта во Прешов

Македонскиот првак Вардар забележа нова победа во СеХА лигата , овојпат кај Татран во Прешов со 30-22 што е 12-та победа во 13 средби во ова натпреварување.
По мечот првиот стратег на бранителот на трофејот во ова натпреварување Раул Гонзалез изјави:„Одигравме уште еден тежок натпревар. Знаевме дека Татран ќе одигра силно во одбрана. Бевме подготвени на тоа. Исто така нашиот противник покажа добра игра и во напад и дефинитивно секогаш е тешко да се дојде до победа во Прешов. Ние не игравме добро во првиот дел во напад и во одбрана. Во втората половина од средбата беше подобро. Совршени беа последните десет минути кога одигравме одлично. Среќни сме што успеавме да дојдеме до бодови бидејќи ова беше важен триумф за нас".