-->
-->
Гонзалез: Тешка победа против силен противник
-->

Шпанскиот стратег на кормилото на Вардар, Раул Гонзалез не го криеше задоволството од новата победа, втора во сезоната во Лигата на шампиони во која црвено-црните ја бранат шампионската титула.
Нант се покажа како тежок противник, за што говори и фактот дека на три минути до крајот францускиот тим имаше само два гола негатива, но и напад комплетно да се приближи.
За Гонзалез клучно беше првото полувреме во кое Вардар направи четири гола предност.
„ Во втората половина на првото полувреме Штербик ни овозможи неколку контра напади, игравме добро во нападот и направивме солидна разлика на полувремето. Второ полувреме Нант играше подобро, ние имавме многу проблеми со нивниот контранапад, но во клучните моменти Борозан беше одличен и во одбраната и во нападот. Ова беше тешка победа во меч против еден од најтешките противници во групата“, изјави Раул по мечот.
И во следното 3.коло Вардар ќе игра пред домашната публика и тоа на 1 октомври кога во Скопје ќе гостува ППД Загреб.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Работодавачите не прифаќаат минимална плата од 30 илјади денари
-
15.000 жалби за превисоки сметки за струја: За в четврток најавен протест на жителите на Сингелиќ и Арачиново
-
Одложено судењето за сообраќајката во која загина Теодора Ристовска, обвинетиот бил во болница
-
Средба Мицкоски - Орбан во Будимпешта
-
СДСМ: Власта да ги прифати нашите предлози
-
Граѓаните да не наседнуваат на измамите по телефон
-
Инвестиција од 300 милиони евра за изградба на соларен парк „Стипион“
-
Се зголемува бројот на пациентки со рак на дојка