Големо невреме во Словенија | ВИДЕО
Поради силно невреме во текот на ноќта во Љубљана, Крањ и Засавје, водата поплави згради и патишта, а на релација Зидани Мост-Љубљана воз излета од шините и налета на одрон, додека друга лавина од камења делумно затрупа автобус, јавуваат РТВ Словенија.
Карпеста лавина делумно затрупа и оштети автобус на градилиште на патот Загорје на Сави-Литија, а двајца патници се полесно повредени.
Словенечките железници соопштија дека во понеделникот во 21 часот и 35 минути патнички воз излетал од шините на пругата меѓу Сава и Мошеник, кој налетал на одрон непосредно пред железничката станица Сава.
Поради невремето во Засавје возот со 20 патници превентивно сообраќал со намалена брзина, а повредени нема, а линијата меѓу Загорје и Крешнице ќе биде затворена до следна најава.
Словенечките железници предупредуваат дека ќе има големи доцнења во патничките возови, а во прекин е и товарниот сообраќај.
Во текот на ноќта водата ги поплави зградите во Словенија, ветерот соборуваше дрвја и носеше покриви, а за санирање на последиците од невремето беа активирани 16 противпожарни единици.
Центарот за заштита и спасување извести за 39 инциденти каде што водата поплави објекти, а поплавен е и подвозникот на Целовска цеста, каде се заглави возило.
Во Литје невремето уништи дел од покривот на гимназијата. Во општина Загорје на Сава обилните врнежи поплавија три станбени куќи, ветерот собори дрвја и однесе покриви на некои згради, јавува РТВ Словенија.
Ново на Сител
-

Џордан Питерсон: Интелигенција е „како размислуваш“, а не „што мислиш“
-

Мицкоски: Остануваме на стратегијата за дата центри, светот ова ќе го развива, прашање е ние дали ќе го препознаеме моментот
-

Казни до 10.000 евра за трговците кои не се придржуваат на одлуката за намалување на цените на училишниот прибор
-

Почина Ратко Младиќ
-

Продолжува негативниот прираст - 1 005 помалку родени од умрени во второто тримесечје
-

Мицкоски: Донесовме одлука за намалување на цените на училишниот прибор за да го олесниме товарот врз семејниот буџет
-

Жена пронајдена почината во стан во Скопје
-

16-годишно девојче нападнато од нејзиниот 28-годишен партнер
