Македонија
3. February 2018 - 12:04

Големо апсење на преминот Богородица

Големо апсење се случило вчера на граничниот премин Богородица, Како што информира МВР, синоќа, во 22:45 часот во близина на селото Милетково-гевгелиско,  од страна на патрола од Полициска станица за Граничен премин и граничен надзор Богородица било сопрено товарно моторно возило „Фиат-Дукато“ со бугарски национални ознаки управувано од 28-годишниот М.Д. од Струмица.
 
Од страна на полициските службеници бил извршен  преглед на возилото при што се пронајдени 15 мигранти (од кои осум сириски, пет пакистански и двајца ирачки државјани) кои биле приведени. За настанот бил известен  Јавен обвинител. М.Д. бил лишен од слобода и предаден во Полициска станица Гевгелија, а мигрантите се задржани во Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор Богородица, за понатамошна постапка.