Големите сипаници се најголема закана во Австрија
Анализата за ризици во Австрија, која по наредба на Владата ја направи Министерството за внатрешни работи и Управата за безбедност во Австрија, покажа дека најголем ризик во земјата се големите сипаници.
Како што пишува виенскиот весник „Кронен цајтунг“, во анализата е именувана „Биолошка, хемиска, радиолошка и нуклеарна закана“, детално се согледани сите закани во земјата, а заклучокот е дека пред се најголем ризик претставуваат заболувањата, односно големата сипаница.
Се констатира дека „ранливоста на Австрија е предизвикана од два фактори - укинувањето на вакцинацијата за големите сипаници во 1980 година, како и недоволната способност на тоа заболување да делува квалификуван персонал“.
Закана, како што стои во извештајот, претставува и грипот, бидејќи употребата на мутираните вируси може да се очекува од терористите, а се предупредува и на радиолошките средства, како што е таканаречената „валкана бомба“, наведувајќи дека бројот на материјали кои можат да се употребат е огромен и дека е тешко да се реализира контролата на радиоактивни супстанци.
Покрај тоа, се предупредува и на нуклеарните централи, иако во Австрија ги нема, во соседството постојат и би можеле во случај на несреќа да го загрозат здравјето на Австијците, и за тоа постојат планови за итна интервенција.
- Нема причина за паника, нагласи министерот за внатрешни работи Волфганг Соботка.
Како што наведе министерот за одбрана, Ханс Петер Дескоцил, важно е да се препознае димензијата на опасноста и да се проценат последиците.
Управата за безбедност изготви листа за специјални итни мерки во случај на потреба, при што се препорачува вакцинација на интервентните сили, како и на клучните лица во земјата.
Исто така се укажува дека секој граѓанин може да направи залиха на вода и намирници за најмалку три дена, како и дека во домот треба да поседува радио на батерии и свеќи, ако електричната енергија биде исклучена на подолго време.
Ново на Сител
-
Кац: Израел е решен да го победи Хамас во Газа, ќе дејствуваме како една тупаница
-
Пожарот во ловиштето „Јасен“ сè уште активен, одбраната на објектите на претпријатието продолжува и во текот на ноќта
-
ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија
-
Левит: САД имаат многу алатки за да помогнат во завршувањето на конфликтот во Украина
-
Трамп: Постојат 25 проценти веројатност состанокот во Енкориџ да не успее, Путин е подготвен на договор
-
ЦУК: Од вкупно 27 пожари на отворен простор, активни се шест
-
Студентите во блокада за вечерва најавија нови акции во повеќе српски градови
-
Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило