Бизнис
14. August 2015 - 19:39

Големиот интерес за кредитните линии за земјоделците

Домашните бизнисмени се повеќе пројавуваат интерес за кредитните линии од Македонската банка за поддршка и развој. Досега во стопанството се пласирани средства во висина од 320 милиони евра. На располагање се и многу други производи, како намалување на ризикот од не наплата, што значи осигурувањe на домашни и странски побарувања, каде што банката гарантира наплата на минимум 90 % од побарувањата.

-И фактор ИНО, што значи секое извозно осигурано побарување во МБПР, МБПР го откупува, прави факторинг и цената на тој факторинг е 7 % фиксно годишно-изјави Александар Станојковски, директор на сектор за кредитирање при МБПР

Во моментот најатрактивна е кредитната линија за компаниите кои работата со примарно земјоделско производство, откуп, преработка и извоз на земјоделски производи со рок на отплата од 5 години со вклучен грејс период од една година. Услов за одобрување на побараната сума е да се има одржлив и добро разработен проект.

-За инвестиции и обратни средства до година и пол со вклучени 3 месеци грејс период, со фиксна годишна стапка од 3%- додаде

Во изминатиот период од Македонската банка за поддршка и развој се поддржани 50 компании од земјоделскиот сектор и пласирани се околу 10 милиони евра. За оваа намена во моментот на располагање се дополнителни 7 милиони евра.