Големи загуби во производството на либиската нафтена корпорација
Либиската Национална нафтена корпорација денеска соопшти дека, поради присилното прекинување на нејзината работата, од јануари производството на нафта ќе биде намалено за 650.000 барели дневно се до 2022 година.
Британските медиуми пренесуваат дека на почетокот на оваа годината, дневното произведство на нафта изнесуваше околу 1,2 милиона барели.
Запирањето на производството досега предизвика загуба од 6,5 милијарди американски долари, а беше предизвикано од блокадата на нафтените полиња на истокот на земјата од силите вклучени во граѓанската војна.
До 2022 година ќе бидат преполовени приходите доколку под итно не се продолжи со производството на нафта и доколку државата не го обезбеди потребниот буџет, наведуваат од нафтената корпорација.
Централната банка на Либија, со седиште во Триполи, објави дека блокадата досега предизвика загуба од седум милијарди долари, што е за 85 проценти помалку средства во буџетот отколку во истиот период минатата година.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп