Големи штети од градот во кумановско Режановце

Невремето што го зафати Kумановско во петокот и градот што паѓаше петнаесетина минути предизвика значителни штети на раноградинарските култури во кумановското село Режановце.
Земјоделците од ова село денеска информираа дека штетите кај раноградинарските култури се движат од 80 до 100 проценти, додека кај житните штетите се движат околу 50 проценти.
Претседателот на месната заедница Зоран Крстевски информира дека во Режановце прво паѓал само град, приближно десетина минути, а потоа и град и дожд, уште десетина минути.
Потенцира дека речиси целиот род, се што е проникнато од раноградинарските култури е уништено, кромид, лук, компир, зелка, марула. Штета претрпеле и овошките, кајсии, вишни, сливи, но и сончоглед.
- Градот кој паѓаше дваесетина минути го уништи производството, не само раноградинарските култури, туку и житните култури, овошните и лозовите насади. Не верувам дека нешто ќе остане од производството. Гравот ќе мора да се пресади, ќе има намалено производство на компир, на некои соседи целосно им се уништени и фолиите за раноградинарското производство, изјави Станимир Митковски, земјоделец од Режановце.
Во Режановце, над 90 отсто од жителите се занимаваат со земјоделство. Добар дел од нив своето производство го пласираат на локалнните пазари и маркети од каде се снабдуваат граѓаните на Куманово.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Емил Георгиев, пилот на владиниот лирџет
-

Стојанче два пати ја тепал Ивана на денот на самоубиството, ОЈО Скопје објави детали
-

Техеран им се извини на соседите
-

Наместо сеопфатен интегриран систем за поддршка од семејно насилство, жртвите добиваат бирократија
-

Адвокатот на „ОМО Илинден“ Менкиновски, доби црн печат за влез во Бугарија
-

Ќе се градат две катни гаражи на Клинички, цените за паркирање ќе останат исти
-

Мицкоски уверува: Ќе интервенираме ако има драстичен скок на цената на нафтата
-

Почна изградбата на кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“ вреден 42 милиони евра
