Големи предизвици пред Порошенко

Гласот на Америка - Вашингтон
Претседателот на Украина Петро Порошенко минатата година ја помина во соочување со конфликтот против бунтовниците во источна Украина, кои ги помага Москва, со падната економија и со длабоко вкоренета корупција.
И покрај големите предизвици Порошенко успеа Украина да ја постави на патот кон Европа. Меѓутоа, многу аналитичари сметаат дека идната поддршка на Западот во многу ќе зависи од поинтензивното спроведување на потребните реформи.
Претседателот Петро Порошенко презема вистински чекори кон Европа.
- Веќе многу постигна. Но, темпото на реформите не е доволно брзо, додека предизвиците се огромни..., смета Олекси Харан, професор по корпоративна политика во Универзитетот „Мохила“.
Во текот на првите години од претседателскиот мандат на Порошенко, убиени се повеќе од 6.000 луѓе во судирите со проруските бунтовници, кои се уште траат во источна Украина. Земјата се бори за заздравување на економијата и се обидува да го ограничи влијанието на олигарсите, кои ја контролираат индустријата и ги финансираат контроверзните воени единици.
Наспроти проблемите, украинскиот народ се обединува, вели инвеститорот Петро од Киев. - Благодарам на Бога, се уште сме силни и се бориме против руските агресори. Но, за тоа треба да се заблагодариме на самите нас Украинците, а не на властите, вели тој.
Порошенко стапи на власт во тешки времиња, смета правничката Ирина, која потврдува дека Украинците бараат реформи.
- Нашата Влада треба да биде помалку обземена од сопствениот бизнис и како да го прошири. Повеќе сметка треба да се води за граѓаните, за вработувањето и високите цени на храната и другите производи, вели таа.
Меѓутоа, портпаролот на претседателот Ростислав Павленко тврди дека реформите фаќаат корени. - Идната година граѓаните треба да почнат да гледаат промени на подобро, дека работите кои ги покренавме како реформата во судството, борбата против корупцијата, економските реформи, доаѓаат до израз и економското зајакнување е покренато, вели тој.
Обновата на економијата е важна и за враќање на источна Украина, каде владее голем недостиг на стоки, додека инфлацијата е огромна.
Меѓутоа, за придобивање на проруските елементи треба да се воспостави мир за луѓето изморени од војната. Ако Порошенко успее да воспостави европски стандарди, се помалку луѓе ќе се вртат кон Русија.
Ново на Сител
-

РКЕ: Нови цени на горивата од полноќ, бензините поскапува за три, дизелот за шест денари
-

Димитриеска-Кочоска: Владата донесе одлука за намалување на акцизата на горивата
-

Милановиќ со критики за францускиот протокол: Вучиќ не требаше да биде сместен пред Пленковиќ на воената парада во Париз
-

Две лица загинаа и повеќе од 80 се повредени за време на прославите на светската титула на Шпанија
-

ЦУК: До 18 часот регистрирани осум пожари на отворено, еден сè уште активен
-

Трамп сака САД наскоро пак да бидат домаќини на СП во фудбал
-

МЗ: Забележано почетно намалување на бројот на новoпрегледани пациенти во Гостивар, активно се следи состојбата на терен
-

Бернам: На Велика Британија и треба нов политички и економски модел
