-->
-->
Големи поплави во Виетнам, загинаа повеќе од 100 лица
-->
Повеќе од 100 луѓе загинаа, а илјадници домови се поплавени откако Виетнам беше погоден од најтешките поплави во последните неколку децении.
По повеќенеделните поплави, бројот на жртвите во Виетнам се искачи на 111, додека 22 лица сè уште се водат за исчезнати. Повеќе од 7.200 хектари прехранбени култури беа потопени и уништени, а угинаа околу 690 000 говеда и живина. Оштетени се и шеснаесет национални автопати и 161.880 метри локални патишта.
Властите предупредуваат дека се подготвува уште полошо време, пишува Си-ен-ен.
Виетнам сега се подготвува за пристигнување на тропската бура Саудел, која се упати кон таа земја откако ги погоди Филипините, каде што предизвика големи поплави и принуди илјадници жители да се евакуираат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости