Големата љубов и го спаси животот - Прилепчанка добила дел од црниот дроб на сопругот
Од голема љубов кон сопругата и подарил дел од црниот дроб. Органот на Даме и го продолжи животот на Тодорка. Во 2002 година и била дијагностицирана автоимуна цироза. Единствен лек била трансплантацијата. Прво дарител требало да биде нејзин роднина, но по направените испитувања одговарал и органот од сопругот. Интервенцијата е извршена во Истанбул.
Даме уште од првиот момент кога дознал за болеста на Тодорка посакувал тој да и даде дел од црниот дроб. Желбата му се исполнила. Три години по трансплантацијата двајцата прилепчани имаат нормален живот.
Трансплантација на црн дроб сеуште не се врши во Македонија. Годинава се направени 12 пресадувања на бибрези. Од јули има пауза и за овие интервенции.
Од здружението Нефрон кое четврта година по ред го одбележува денот на органодарителството побараат од надлежните институции во Македонија да се направи Центар за трансплантација по светски стандарди.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
