Свет
18. April 2021 - 19:43

Голема железничка несреќа во Египет, повредени најмалку 97 лица

Најмалку 97 лица се повредени денеска во железничка несреќа во египетската провинција Калиобија, северно од Каиро, соопшти Министерството за здравство.

Дел од локални медиуми објавија дека во несреќата има и загинати, пренесуваат западни медиуми.
 
Повеќе од 50 амбуланти се испратени на местото на настанот, кои ги пренеле повредените во три болници во покраината.

Несреќата се случила кога неколку вагони излизгале од шините.

Железничките несреќи во Египет се чести, а во последната, на 20 март, кога се судрија два воза во близина на градот Тахт, загинаа 20 лица, а околу 200 беа повредени.