Живот
21. April 2016 - 11:31

Голема тага: Куче со скршено срце лежеше до прегазено момче!

Леонардо Валдес, 23-годишно момче, било убиенo во средата, не далеку од својот дом во чилеанскиот Консепсион. Валдес бил удрен со автомобил, а очигледно е дека трагедијата се случила пред очите на неговото куче Доки.
 
Кучето го пронашле како лежи покрај сопственикот, а сведоци за локални медиуми потврдиле дека кучето не се ни помрднало откако судската медицина го зела телото.
 
Валдес и Доки станале пријатели откако момчето се вратило во градот за да и помогне на мајка си. Тие секојдневно се дружеле, а заедно останале и додека телото не било закопано.
 
Всушност Доки се појавил на бдението и со часови стоел до ковчегот на Валдес.