-->
-->
Голема распродажба со попусти до 80 отсто во Веро центар
-->

Голема летна распродажба со попусти до 80 отсто почнува денес (среда, 8 август) и ќе трае до 12 август во Веро центар во Скопје . Посетителите на трговскиот центар ќе може да купат голем број производи по намалени цени, а во сабота (11 август) во
12 часот ќе се одржи и концерт за најмладите на кој ќе настапи хорот на детскиот фестивал „Поточиња“.
Следејќи ги потребите на потрошувачите, менаџерскиот тим на Веро центар одлучи летните денови да ги „освежи“ со екстремно ниски цени во трговскиот центар. Само дел од продавниците каде што ќе може да се пазари со попуст се: „Спорт М“, „Анхоч“, „Топ шоп“, „Васидора“, „Дуки Дасо“, „Сара фешн“, дрогеријата ДМ, маркетот на „Веро“, продавниците во одделот за храна и други. Дополнително, дел од забавата ќе биде и концерт на хорот на „Поточиња“ кој е наменет за најмладите.

- Секогаш размислуваме како да бидеме во чекор со потребите и желбите на сите наши посетители без разлика на годините. Овој пат, повозрасните ќе можат да можат да најдат огромен број на производи по ниски цени, а за децата организираме концерт на хорот на еден од најпознатите детски фестивали во земјава, „Поточиња“ – вели Љубица Короскоска, маркетинг директор во компанијата „Веропулос“.
Во трговскиот центар досега се имаат одржувано низа на случувања на различни теми како што се „Чоколенд“, „Чиз ленд“ како и голем број на ненадејни концерти и настани. Овој пат летото ќе биде одбележано со распродажбата со неверојатни попусти и до 80 отсто, а се планираат уште многу изненадувања за посетителите во периодот што следува.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Макрон ги критикува потезите на Трамп: Не смее да има никакви отстапки пред руските закани
-

Мерц: Русија сериозно ќе преговара за мир само под притисок
-

Зеленски: По нападите врз центрите за податоци на „Јандекс“, има помалку ботови и омраза на социјалните мрежи
-

Хрватска набавува јужнокорејски ракети со дострел до 500 километри, потврди Пленковиќ
-

МП за случајот со Михајлова: Националната припадност и државјанството не смеат да бидат основа за привилегиран третман
-

Ивановиќ: Црна Гора денеска ќе затвори три преговарачки поглавја со ЕУ
-

Ѓорѓиевски: Во Скопје в среда продолжува најголемата еко-акција досега
-

ЈОРСМ: Лани во октомври на Михајлова ѝ се одземени два пасоша и не ѝ беа вратени поради ризик од бегство
