Свет
3. February 2016 - 20:02

Голема полициска акција во Келн

Германската полиција изврши серија претреси во Келн, барајќии осомничени членови на северноафриканска организирана криминална мрежа.

Група од 80 полицајци извршила проверки на повеќе од сто осомничени во повеќе барови и кафулиња во квартот Калк.

Уапсен е 26-годишен маж осомничен за криминал поврзан со наркотици. Исто така конфискуван е и еден килоргам кокаин.

Полицијата при акцијата ги испитувала и сексуалните напади и кражбите извршени за време на новогодишната ноќ во Келн.