Македонија
15. October 2020 - 11:42

Голема полициска акција на неколку локации низ државата

Десетици лица осомничени за криумчарење на мигранти се уапсени утрово во голема полициска акција на неколку локации низ државата.
Се апсат извршителите, организаторите и помагачите на шверцот па во акцијата учествуваат голем број полициски специјалци, но и полициски хеликоптери.

Акцијата се одвива во Штип, Струмица, Скопје и во пограничното село Лојане.

МВР најави повеќе детали за операцијата за подоцна во текот на денот.