Свет
26. November 2017 - 21:03

Голема несреќа: Се сруши подиум во ноќен клуб, 40 лица повредени

Подиумот за танцување во ноќен клуб на канарскиот остров Тенерифе се урнал при што се повредени 40 луѓе, јавија локалните власти.

Гостите пропаднале низ подиумот во подрумот на диско клубот „Батерфлај“ околу 2:30 часот по локално време.

Неколку луѓе имаат скршеници на коските, вклучувајќи и фрактури на нозете. Клубот е сместен во шопинг центарот на Плаја де лас Америка, центар за забава на југот на шпанскиот остров, кој е популарен кај туристите во овој период од годината.

Повредените рекле дека се од неколку различни земји, меѓу кои Шпанија, Франција, Велика Британија, Белгија и Романија.

Двајца се со сериозни повреди, со фрактури на бутот. За другите се смета дека имаат полесни повреди. Службите за итна помош неколку часа под урнатините ги евакуирале повредените.