Голема акција на полицијата, уапсени 25 дилери на дрога

Дваесет и пет лица се уапсени под сомнение дека се занимаваат со улична препродажба на дрога.
При претресите извршени утрово од страна на полицијата пронајдени се 49 пакувања хероин, околу 1,8 килограми марихуана, таблети екстази, едно пакување амфетамин и една грутка хашиш. Пронајдени и одземени се и четири воздушни пушки, две самоделски пушки, еден гасен пиштол и една ловна пушка и 28 куршуми. Одземен е и еден компјутер и 324 бланко (магнетни) картички.
Полицијата соопшти дека по документирање на случаите ќе бидат поднесени кривични пријави за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанци“, „недозволено производство, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“, „спречување на службено лице при вршење на службени дејствија“, како и соодветни кривични пријави од областа на компјутерски криминал, имотни деликти и друго.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за орбазование и наука
-

Протестите сè поизвесни – превозниците бараат решение за престојот во Шенген
-

Војната на Блискиот Исток и инфлацијата го намалија бројот на туристи во земјава
-

Утре ќе се знае дали гостиварци ќе добијат питка вода
-

Дете од година и пол нападнато и искасано од куче во Шуто Оризари
-

Загрижува тоа што насилството станува се побрутално
-

Августовски испитен рок за матура утре и во петок
-

Ахмети: Јас побарав Груби да се врати и да се соочи со одговорност
