-->
-->
Голема акција на полицијата, се апсеше во Струга и Охрид
-->

Околу 42 килограми зелена тревкаста материја се пронајдени во патнички автомобил, синоќа во Струга при координирана акција на криминалистичката полиција од Струга и Охрид. Акцијата, беше реализирана околу 22 часот во близина на еден хотел на улицата ,,Димче Ковачески,, во Струга.
Полициските инспектори заедно со полициски службеници од полициската станица во Струга, извршија запирање на патничко моторно возило „Мини Купер“ со струшки регистарски ознаки управувано од Ф.И.(31) од струшкото село Калишта. При извршен преглед во возилото, забележани се пет вреќи со тревкаста материја завиткана во повеќе јутени и платнени опаковки. Дополнително, во предната лева врата од автомобилот, пронајдена е една мала најлонска паковка со бела прашкаста материја. При извршен претрес во домот на Ф.И. во селото Калишта, пронајдени се две црни најлонски кеси со траги од тревкаста материја. Пронајдените предмети се одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје, по што ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Абази го презентираше извештајот за работата на ОЈОГОКК пред Советот на јавни обвинители
-

Мисајловски: Испораката на воената опрема е во завршна фаза, склучени се и нови договори со САД
-

Се санираат штетите по невремето
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: На Венко Заев му смета македонската дијаспора да гласа, Апасиев алчен за повеќе пари
-

СДСМ: Нема поддршка за измени на Изборниот законик
-

Соколарчани на протест, стравуваат за својата безбедност
-

Спасителите на планина активни на терен
